МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СТУДЕНТИТЕ И ПРОФЕСОРИТЕ ЗА ИТНОСТА ОД МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

НА 27. 10. 2017 на платото на УКИМ се одржа хепениг/митинг под мотото Концепт за медиумски писмен студент на кој присутвуваа повеќе од 500 студенти, професори, асистенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Митингот го сврти вниманието на медиумите и успеа да испрати порака и до медиумите и до релевантните фактори во Република Македонија.

Организирањето на митинг го драматизираше значењето на медиумската писменост кај студентите односно колку е драматично важно да не бидат жртва на медиумите. На Митингот се поделија флаери со информации за проектот „Медиумски писмен студент“.

На Хепенингот говореа повеќе студенти.

Жаклина Трајановска, студентка на правни студии на УКИМ, говореше за нереалните животни стандарди издиктирани од социјалните мрежи и сите други негативни влијанија на мрежата во 21 век. Социјалните мрежи диктираат стандарди за живеење. Што ни се допаѓа, а што не? Facebook диктира што сакаме да правиме, а што не сакаме, како гледаме на нештата, потенцираше таа.

Христијан Зафировски, студент на правните студии на УКИМ повика на револуција и превземање на чекори за зголемување на свеста за медиумите. Медиумите влијаат на квалитетот на нашиот живот, на нашата критичка свест, на нашето битие како граѓани, на нашето изборно право, на тоа како ќе гласаме. Да се избориме за медиумска писменост, за критичко мислење и квлаитетна понуда на информации.

Евгенија Јанакиеска, студентка на студиите по новинарство на УКИМ говореше за неетичните новинари. За нарушен интегритет на новинарот, оној кој ја крои сликата на секојдневието, кој треба да биде чувар од злоупотреба, а се претвора во инструмент за злоупотреба на моќта и јавното мислење. Новинар без доверба од граѓаните е непотребен новинар. Евгенија ја драматизира улогата на новинарството и бара враќање на угледот и професионалноста во новинарството.

1

КОНЦЕПТ ЗА МЕДИУСКА ПИСМЕНОСТ

Македонскиот институт за Европски студии на 17.11.2017 ја одржа првата работилница на која што студентите беа запознени со концептот на медиумска писменост и тоа теоретскиот наспроти практичнио модел и историската генеза на проблемот. Исто така беа запознаени со меѓународно – правната регулација на ООН, Советот на Европа и документите на Европската унија. Беше разгледана и дебатирана Европската политика за медиумската писменост и тоа: институциите и Европска политика, како и имплементацијата на концептот односно компаративни аспекти во земјите членки. Предавачи беа: проф. д-р Јасна Бачовска Недиќ, м-р Мартина Глигорова и проф. д-р Татјана Петрушевска.

2

 ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ: МЕДИУМСКА КОЛОНИЗАЦИЈА НА ПОЛИТИКАТА VS  ЕЛЕКТРОНСКА ДЕМОКРАТИЈА

На втората работилница во организација на МИЕС на 27.11.2017 студентите учеа за техниките на креирање на политички спектакл или проблемите на современо пакување на политиката како и пресвртот во поимањето на on-line маркетингот во изборната кампања и тоа преку: е-mail; web-site; портали; блогови; news групи; инамички и статички банери; pop-up / pop under прозорци; rich media огласи; социјални мрежи;

Исто така беше дискутирано и за социјалните мрежи и современото поврзување на граѓаните со политиката. Како теми беа поставени: двосмерната комуникација; социјалните мрежи како платформа (и по изборите) за комуникација и граѓански дијалог; владата како жива, а не апстракна сила;  менување на начинот и димензијата во која се води политиката; јавната расправа и дебата без ограничување на време и учесници, без посредство на новинар;

Студентите ги усвоија следниве вештини: сommunity manager; водење кампања во нови медиуми; tie break – одлучувачки гласови доколку линијата е тенка; Standard –  нема сериозна кампања без on-line; Hibrid – најголем ефект се постигнува ако on-line активностите се пренесат во класичните медиуми. Предавачи беа м-р Мартина Глигорова, проф. д-р Јасна Бачовска Недиќ и доц. д-р Христина Рунчева Тасев.

3

 ПОЛИТИЧКАТА ПОРАКА И ВИДОТ НА МЕДИУМОТ 

Тертата работилница МИЕС ја посвети на политичкото комуницирање. Оваа работилница се одржа на 13.12.2017 и студентите беа запознени со традиционални медиуми vs новите медиуми (new media) и тоа: дигитализација, интерактивност, мрежа, медиумска култура vs политичка култура во Република Македонија: тв, радио, печатени медиуми, национални и локални телевизии.

Стекнаа знаења за пропагандата наспроти кампањата/изборна кампања, маркетинг/политички маркетинг; рекламирањето и огласувањето и Односите со јавност;

Тие се сензитивизираа да ја препознаат пропагандата во жанр. Се запознаа со поимите: „медиумска примена на информацијата“ , „информативна густина“, „прекројува или премолчува“; визуелни вести, филмувани вести/фото репортажи

Се стекнаа со вештини за правила во подготовката на информација – вест и интервју во повеќе видови медиуми. Предавачи беа проф. д-р Јасна Бачовска Недиќ и доц. д-р Христина Рунчева Тасев.

4

 

 ОГРАНИЧУВАЊА НА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ: ЗАШТИТИ СЕ! 

Целта на едукацијата на четвртата на работилницата на 22.12.2017 беше слободата на изразување и тоа првенствено на социјалните медиуми. Во таа смисла студентите се запознаа со слободата на изразување со акцент на нејзините ограничувања и тоа во поглед на говорот на омраза, клеветата и омразата. Исто така беа запознаени со проблематиката „авторски права“. Предвачи на оваа работлница беа м-р Мартина Глигирова и доц. д-р Александар Љ. Спасов.

Во делот заштити се тие беа запознаени со можностите и правните инструменти за заштита од повреда на човековите права преку медиумите. Беа разгледувани случаи од праксата на Европскиот суд за човекови права.

5

 ДОДЕЛУВАЊЕ СЕРТИФИКАТИ !!!

Студентите кои ги посетија четирите работилници добија сертификат кој ги потврдува знаењата за тоа што значи

  1. 1.     ДА СЕ БИДЕ ДИГИТАЛЕН
  2. 2.     ЗНАЕЊЕ ЗА ПОЛИТИЧКО КОМУНИЦИРАЊЕ
  3. 3.     ЕВРОПСКАТА РЕГУЛАТИВА ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ
  4. 4.     КАКО ДА РЕАГИРАМЕ  НА ГОВОР НА ОМРАЗА, КЛЕВЕТА И НАВРЕДА (ПРАВНИ АСПЕКТИ)

 

Доделување на сертификати на студентите- учесници во рамките на проектот „Медиумски писмен студент“

6

7