НЕ БИДИ МЕДИУМСКА МЕТА!

НЕ БИДИ МЕДИУМСКА МЕТА!

Не биди медиумска мета!

Проектот насловен “Не биди медиумска мета!” ќе биде спроведен од страна на Македонскиот институт за европски студии во соработка со медиумскиот партнер Студентско радио ФМ 92.9.

Идејата на проектот е да се афирмира концептот на медиумска писменост кај студентската популација, така како што е воспоставена на ниво на ЕУ, како и пласирање на базични знаења за функционирањето на медиумите. Медиумската писменост е погрешно перцепирана во Република Македонија и најчесто се разбира како градење на вештини за работа со медиуми, а запоставен е вториот сегмент на медиумската писменост, а тоа е критиката на медиумите, анализата и заштитата од медиумските содржини.

Генералната цел е постигнување на високо ниво на медиумска култура и намалување на дистанцата од медиумите. Едукација со цел разбирање на функционирањето на медиумите и критичкото читање на истите.

Целната група на проектот ќе бидат студенти, како критичен дел од општата јавност. Оваа целна група е многу сензитивна и општествено активна. Општествените модели кои ги прифаќаат доаѓаат преку медиумите. Во нивната перцепција вообичаен е презир или одушевување на одредени состојби пример глобални проблеми: екологија, социјалната правда, политика. Факт е парадоксот дека кај младите,односно студентите појавуваат нетрпение и фрустрација: кога граѓанските институции (образовниот систем, семејството, пазарот на работната сила) сеуште ги држат младите на еден инфантилен степен  и покрај тоа што тие се подготвени  да делуваат како  возрасни. Ние преку проектот планираме да ги третираме токму спротивно, односно да ги означиме како најбитниот општествен сегмент на кој му припаѓа иднината.

Проектот ќе опфати повеќе активности (дисеминација на едукативни содржини,менаџирање на публика на социјални мрежи со цел учење, работилници со цел формализирање на медиумската писменост во РМ) со што студентите, но и општата јавност би стекнале подобро медиумско разбирање, а со тоа и можност да ги имплементираат сознанијата во нивната натамошна граѓанска активност.

Оваа потреба за вклучување во општествениот живот и светот на возрасните ги наведува младите што повеќе да учествуваат во решавањето на проблемите на современиот живот. Поинаку речено потребата за медиумско образование прераснува во потреба за перманентно образование кое трае во текот на целиот живот. Ефектите од овој процес ќе бидат насочени кон крајниот потрошувач на веста, односно општата читателска публика.