СЕМИНАР: ЕВРОПСКИ ИНСТИТУЦИИ И ПОЛИТИКИ

СЕМИНАР: ЕВРОПСКИ ИНСТИТУЦИИ И ПОЛИТИКИ

Македонскиот институт за европски студии

Ве поканува на семинар за Европската унија со наслов:

 “ЕВРОПСКИ ИНСТИТУЦИИ И ПОЛИТИКИ“

20 април 2013 год.

Mладински Културен Центар, Скопје

Семинарот е наменет за сите ученици, студенти и професионалнци кои сакаат да стекнат основни знаења за европските институции, нивниот состав, надлежности, начинот на функционирање, како и процесот на формулирање и спроведување на заедничките европски политики. Предавачи на семинарот се професори и соработници од универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

На крајот од семинарот учесниците добиваат сертификат за учество.

Сите заинтересиранаи потребно е да го пополнат формуларот за учество и да го испратат следната  e-mail адреса: application@mies.mk, или по пошта на адреса: Бул. Јане Санански бр. 83-1/30 Скопје, не подоцна од  15 април 2013 година.

За повеќе информации за семинарот посетете ја нашата web страна: www.mies.mk

Партиципацијата за семинарот изнесува 1200 денари и тоа ги покрива сите материјали за семинарот, кафе паузите и сертификатот за учество на семинарот.

ПРОГРАМА                       

Сабота, 20 Април 2013

09:00-10:30     Предавање 1: 

Вовед во Европските институции- ретроспективен преглед за нивното создавање и нивните надлежности

Асс. м-р Милена Апостоловска, докторанд

Правен факултет “Јустинијан Први“ – Скопје

10:30-11:00     Кафе пауза

11:00-12:30     Предавање 2:

Заедничка надворшна и безбедносна политика на Европската Унија: институции и начин на формулирање на политики

Проф. д-р Татјана Петрушевска

Правен факултет “Јустинијан Први“ – Скопје     

12:30-14:00     Предавање 3: 

Надворешната политика и проширување на Европската Унија

Доц. д-р Васко Наумовски

Правен факултет “Јустинијан Први“ – Скопје                             

14:30-15:00     Пауза

15:00- 16:30    Предавање 4:

Демократскиот дефицит во Европската Унија и Договорот од Лисабон

Асс. м-р Христина Рунчева, докторанд

Правен факултет “Јустинијан Први“ – Скопје

16:30       Затворање на семинарот и доделување на сертификати